spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) СИЛЕЏИСТВО ВО КИСЕЛА ВОДА: Власта повика обезбедување за да го исфрли советникот на Левица!

Тотална деградација на демократијата и отворена репресија во Советот на Општина Кисела Вода. Владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, немоќно да се соочи со аргументите на опозицијата, преку претседателката Светлана Колариќ посегна по авторитарни методи и повика обезбедување за физички да го отстрани советникот на Левица, Петар Здравевски.

Кога немаат одговори за сопствените локални пропусти, градоначалничката и советниците на ДПМНЕ прибегнуваат кон лични дискредитации, ниски провокации и срамни напади врз семејството на Здравевски. Но, кога Левица детално и аргументирано ги разобличува нивните постапки, кај власта настанува паника која завршува со користење сила и обиди за цензура.

Советот на општината не е партиска сопственост, ниту Кисела Вода е приватна нива на ВМРО-ДПМНЕ. Левица нема да подлегне на закани и силеџиство — гласот на граѓаните кои бараат отчетност ќе продолжи да се слуша уште погласно!

#Левица #КиселаВода #ВМРОДПМНЕ #Совет #Цензура

Видео од настанот:

Издвојуваме