spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ СО ТЕШКИ ОБВИНЕНИЈА: „Сè е фарса, ја пуштија Михаилова за да глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски!“

СКОПЈЕ — Опозициската Социјалдемократска унија на Македонија (СДСМ) одржа извонредна прес-конференција на која упати серија жестоки обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и целото раководство на Владата. Портпаролката на партијата, Кети Штерјова, изјави дека бегството на Ива Михаилова претставува однапред договорена операција зад грбот на граѓаните, а дека последователните реакции на институциите се обична „актерска представа“ и дефокус од институционалната одговорност.

Според СДСМ, безбедносниот систем е целосно колабирам, граничната контрола е претворена во „швајцарско сирење“, а полицијата се користи како алатка за заштита на партиски интереси наместо за спроведување на законот и борба против организираниот криминал.

Интегрално соопштение и изјава на Кети Штерјова (СДСМ)

Во продолжение ви ја пренесуваме официјалната изјава од прес-конференцијата на СДСМ во целост:

„Од брат да ми е ќе одговара“ – до никој не одговара!

Мицкоски го штити Тошковски. И обратно, Тошковски го штити криминалот на арамијата и Организираната криминална група.

Сè што власта прави е фарса.

Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница.

Наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар.

Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ…

Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата.
Со МВР раководи Панче Тошковски. Со МБР Тимчо Муцунски. Владата ја води арамијата Христијан Мицкоски.

Целата одговорност е кај нив.

Полицијата во рацете на власта служи како заштита на криминалот на власта и алатка за гласање. Ништо друго.

Пет тони дрога поминаа преку граница. Safe City без закон кој ќе го контролира.

Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода.

Артан Груби излегува на слобода со прослава.

Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон.

ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери.

Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште.

Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот.

Се е фарса.

Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена.

Линк до видеото :

Издвојуваме