Додека незапаметена буица од вода, кал и камења носи сѐ пред себе, куќата на два ката на границата меѓу Непал и Тибет остана да стои како тврдина.
Драматична снимка од катастрофалните поплави и одрони на граничниот појас меѓу Непал и Тибет стана главен хит на социјалните мрежи. На видеото се гледа двокатна куќа со препознатлива зелена фасада, која успева да ѝ пркоси на застрашувачката стихија додека околу неа сè се претвора во рушевини.
На балконот од вториот кат се забележуваат преплашените членови на семејството кои во паника го набљудуваат незапаметениот воден бран. Силната буица носи автомобили, покриви и соседни објекти како да се од хартија, но оваа куќа одбива да попушти под ударите на огромните камења и калта.
Подоцна беше објавено и второ видео кое донесе олеснување за милионите гледачи ширум светот – потврдено е дека семејството успеало да преживее, а куќата останала на своето место иако нејзиниот долен кат бил речиси целосно затрупан со тиња и наноси.
Видеото предизвика илјадници коментари и восхит кај корисниците на интернет. Додека многумина ова го нарекуваат вистинско „миракл“ (чудо), дел од луѓето се пошегуваа дека градителот и инженерскиот тим кои го проектирале објектот заслужуваат највисоко државно одликување во Непал за квалитетот на градбата и темелите.
Инаку, целиот регион се соочува со трагични последици од катастрофалните поплави предизвикани од ненадејни одрони на Хималаите. Според последните извештаи од терен, стотици луѓе ги загубија животите, а спасувачките тими со денови трагаат по стотици исчезнати.
Извор: Социјални мрежи / Странски медиумски извештаи




