Камерите од „Безбеден град“ од сабота се вклучуваат во Тиквешијата
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од оваа сабота (12 септември 2026 година) официјално започнува со работа и на територијата под надлежност на СВР Велес. Со ова, автоматското регистрирање на сообраќајните прекршоци ги опфаќа и опшините Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман, Градско и Чашка.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), сите потребни технички проверки и финални тестирања на опремата се успешно завршени. По поставените камери, системот ќе овозможи 24-часовен непрекинат надзор на сообраќајниците и автоматско бележење на секое непочитување на сообраќајните правила.
Во рамки на ова проширување, со надзорот се опфатени подрачјата под:
- ОВР Кавадарци
- ОВР Неготино
- Полициско одделение Чашка
- Полициско одделение Градско
- Полициска канцеларија Демир Капија
Од МВР истакнуваат дека главната цел на активирањето на овој систем е зголемување на сообраќајната дисциплина, подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризикот од несреќи. Надлежните уште еднаш упатија апел до сите возачи доследно да ги почитуваат законите и сообраќајната сигнализација.




