spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФА ВО МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Црвеното злато завршува во ѓубре — „Подобро ќе ја фрлиме ајварката, отколку да ја дадеме за 15 денари!“

КАТАСТРОФА ВО МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Црвеното злато завршува во ѓубре — „Подобро ќе ја фрлиме ајварката, отколку да ја дадеме за 15 денари!“ ​

Македонскиот земјоделец е доведен до сиромаштија и очај. Додека цените на производите во маркетите рушат рекорди, трудбениците кои поминуваат цели денови под отворено небо се соочуваат со тотална пропаст. Земјоделието, некогашната гордост и стожер на македонската економија, денес е целосно уништено и фрлено на колена.

​Најновиот удар го залета најпрепознатливиот симбол на македонската традиција — пиперката ајварка.

​Револтираните земјоделци, со солзи во очите и гнев во градите, носат загрижувачки и драматични одлуки. Поради понижувачки ниските откупни цени кои не ги покриваат ниту основните трошоци за ѓубриво, гориво и семенски материјал, производителите почнуваат масовно да го фрлаат својот род.

​„За 15 денари не ја даваме! Подобро во ѓубре и на буниште, отколку за беспари да ни го сркаат потпот откупувачите!“ — порачуваат разочараните земјоделци.

​Со ваквиот потценувачки однос и тоталното отсуство на заштита за домашното производство, македонското село брзо изумира, а нивите остануваат пусти. Додека квалитетната ајварка скапува по буништата, граѓаните наскоро ќе бидат принудени да јадат скап и неквалитетен увоз.

​Ова веќе не е само криза — ова е замирање на македонското земјоделство!

Видео:

Издвојуваме