spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Венко Филипче со директна и жестока порака до Мицкоски – „СДСМ е како пиреј, не можеш и нема да ја уништиш!“

БРВЕНИЦА / СКОПЈЕ — Партиските активности и теренските средби на опозициската Социјалдемократска унија на Македонија (СДСМ) донесоа силна политичка ескалација и директна конфронтација меѓу лидерите на двете најголеми партии во земјата. Говорејќи пред партиските членови и граѓаните на Брвеница, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати остра и емотивна реакција до премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговите изјави дека СДСМ треба и мора целосно да се уништи.

Филипче го обвини Мицкоски за водење невидена црна кампања, ширење омраза и обиди за дестабилизација на опозицијата од страв, порачувајќи дека СДСМ е длабоко вкоренета во народот и дека секој обид за нејзино уништување е однапред осуден на пропаст.

Интегрално обраќање на Венко Филипче од Брвеница

Во продолжение ви го пренесуваме целосното и интегрално обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, одговарајќи му на Христијан Мицкоски по неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи.
„Пред неколку дена арамијата Мицкоски дојде во Брвеница, во Милетино, и на својот митинг кажа дека СДСМ треба да се уништи. Еве, да му одговорам од овде: Знам сѐ што правиш, Мицкоски. Знам дека сакаш да ја уништиш СДСМ. Знам дека сѐ што правиш е за да нѐ уништиш. Затоа што се плашиш. Се плашиш затоа што СДСМ не ти е под контрола. Затоа што сме единствената вистинска опозиција во земјата“, порача Филипче.

Филипче посочи дека нападите врз СДСМ, црната кампања, навредите и ширењето омраза нема да ја сменат улогата на партијата како единствена вистинска опозиција.

„Се плашиш затоа што знаеш дека ќе одговараш за криминалот пред Европското јавно обвинителство. Се плашиш затоа што ти паѓа поддршката, а СДСМ расте.

Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми.

Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети““, рече Филипче.

Филипче од Брвеница упати директна порака до Мицкоски дека СДСМ нема да се повлече и дека ќе продолжи да се бори за граѓаните и за Македонија

„СДСМ е народот, СДСМ се граѓаните. Работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во оваа земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државништво. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија.

Не можеш да нè уништиш и нема да нè уништиш. Христијан, на крај ќе ти порачам една стара поговорка: кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Доаѓа времето на вистината и правдата. Ќе одговарате! Сите до еден!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видеото :

Издвојуваме