spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“ – Митева го демантираше арамијата Мицкоски

Политичкиот дуел меѓу СДСМ и Владата ја достигна точката на вриење по признанијата за вистинската сума потрошена за организирање на прославата за Денот на независноста. По објавувањето на документите од страна на опозицијата, портпаролката на Владата негираше дека станува збор за непријавени средства, но СДСМ смета дека нејзината изјава е директна потврда за лагата на премиерот Христијан Мицкоски за наводни „нула денари“ трошок.

Според опозициската партија, Владата била притисната до ѕид по прес-конференцијата на Венко Филипче и морала да признае дека милионски суми од Државната лотарија завршиле за оваа намена.

Прочитајте го соопштението на СДСМ:

Соопштение за јавност

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес конференција ја демантираше лагата на арамијата Христијан Мицкоски за „нула денари“.

Митева го потврди претседателот на СДСМ, Венко Филипче во целот.

Прославата за независноста чинела 5.5 милиони евра.

Триста милиони денари биле од дивидендата на „Лотарија“, која е во државна сопственост.

Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“!

Да не беше прес конференицјата на претседателот Филипче и документот што го објави, немаше ниту Митева да признае.

Но, после прес конференцијата на Филипче немаа каде да бегаат.

Каде е сега Мицкоски да каже што стана со „нула денари“?

Дали уште некој во Македонија му верува на Арамијата?

Требаат ли уште докази дека штом зине – лаже?

Издвојуваме