Видео-снимката која ги запали социјалните мрежи е најморбидниот доказ за тоталниот крах на македонското земјоделство! Додека Христијан Мицкоски и неговите функционери си делат комплименти од климатизираните кабинети, на терен се случува вистинска драма. Сликата е морничава: отрупани лозја со род и квалитетно грозје се сечат со моторна пила, бидејќи маката на земјоделецот денес вреди помалку од нула.
Ова не е обично видео — ова е директен шамар за целата власт и крик на прелажаниот народ.
Кога лозарот е доведен до состојба со сопствени раце и моторна пила да си го уништува деценискиот труд, тогаш државата допрела на самото дно. Понижувачките откупни цени и хаосот со пласманот ги натераа луѓето да сфатат дека одгледувањето грозје под оваа власт значи сигурен банкрот и губење на секоја надеж.
ВМРО и Мицкоски ветуваа брда и планини за аграрот, а донесоа само безизлез и тотална пустош. Наместо сигурен пласман и вистинска поддршка, земјоделците добија тотална игноранција, додека функционерите ги има само на слики кога треба да се собираат евтини политички поени пред избори.
Оваа срамна политика го заби последниот клин во ковчегот на македонските рурални средини. Селата се празнат, младите бегаат, а оние што останаа се принудени со болка во душата да ги уништуваат сопствените имоти за да не влегуваат во уште поголеми долгови.
Ова видео е директна обвинителна пресуда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Секој исечен лозов калем е споменик на нивните лажни ветувања и јасен доказ дека македонскиот земјоделец е целосно предаден и оставен на милост и немилост.
Видео:




