spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ со остри критики за владините политики и финансиските приоритети:„Екскурзијата до Вашингтон чинеше повеќе од самиот грант за антимон!“

Опозициската партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски и Владата во врска со неодамнешните најави за американски грант за развој на проектот за антимон кај Крива Паланка, како и за трошењето на јавните средства.

Во своето соопштение, СДСМ прави споредба меѓу износот од 5 милиони долари грант за ископување на антимон и сумата од 5,53 милиони евра потрошени од страна на Државна лотарија за ангажирање на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета. Според опозицијата, одобрениот грант е крајно недоволен за сериозен рударски капацитет кој бара високи еколошки стандарди, додека трошоците за владините делегации и забавните манифестации го надминуваат самиот финансиски ефект од најавената „инвестиција“.

Покрај финансискиот аспект, СДСМ алармира и за еколошките и здравствените ризици од експлоатацијата на антимонот, истакнувајќи ги опасностите од загадување на почвата и подземните води во регионот на Крива Паланка, како и отсуството на соодветни буџетски средства за заштита на животната средина.

Соопштение за јавност на СДСМ (Интегрално пренесено)

Пет милиони долари за антимон, 5.53 милиони евра за Гета – екскурзијата чинеше повеќе од „инвестицијата“

Соопштение за јавностАрамијата од Вашингтон ја продаде веста: пет милиони долари грант за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка.

Поведе делегација од околу педесет души на грб на граѓаните за да соопшти бројка помала од концертот.

Знаете ли колку е тоа малку за рудник?

За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ – не стигнува ни десет пати повеќе.

Пет милиони не се рудник. Тоа е почеток на дупка.

Антимонот не е храна. Тоа е метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата.

СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува.

Прво: пет милиони на туѓа фирма за природен ресурс значи државата сама не сака да работи или не е способна.

Второ: нема буџет за човекот и за реката околу Крива Паланка.

Трето: намерно се дава надвор за провизија.

Грантот е за „развој на проектот“, не за рудник со филтри, мониторинг и санација. Тоа самиот го кажа меѓу редови.

За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија.

За отров што го викаат стратегија – пет милиони долари, туѓи, како милостина.

Делегацијата поскапо леташе отколку што вреди почетокот.

Чебрен и Галиште ги стави во истатата реченица. Дата-центрите исто. Сè што се јаде дома е без цифра. Сè што ја полни касата оди надвор.

Тоа не е инвестиција. Тоа е распродажба. Не е партнерство. Туку екскурзија со пленот во џеб.

Македонија не се мери со грант што не ја покрива ни прашината. Се мери со вода што се пие и со земја што се обработува.

Тоа Мицкоски го продава евтино. Концертот го плати скапо. Разликата е провизијата.

Издвојуваме