spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО)Енергетскиот октопод на власта: СДСМ ја разоткрива новата деловна мрежа меѓу Министерството за енергетика и српскиот бизнис сектор

Опозициската СДСМ преку прес-конференција на Кети Штерјова изнесе нови обвинувања за, како што го нарекуваат, „енергетскиот октопод“ и бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, Сања Божиновска. Според партијата, и покрај тоа што поминаа шест месеци без реакција од Јавното обвинителство за претходно изнесените сомнежи за офшор-структури и бизнис релации, деловните активности во енергетскиот сектор продолжуваат со голем интензитет.

Во фокусот на новите објави е договорот склучен на 11 август 2026 година меѓу ЕВН Македонија и српската компанија „Meter&Control“ за набавка на броила за електрична енергија, со проценета вредност од околу 13,2 милиони евра. Од СДСМ тврдат дека оваа компанија има сопственичка историја поврзана со групацијата „Rudnap Group“ на бизнисменот Војин Лазаревиќ — компанија каде што министерката Божиновска во минатото извршувала управувачки функции. Репортерскиот тим на napred.mk го пренесува целосното обраќање од прес-конференцијата.

Интегрално соопштение

 

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК,

Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар.

Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо.

Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.

Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра.

Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.

Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра.

А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.

Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк до Руднап?

Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика.

Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија.

„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика.

Затоа што сè е бизнис за Мицкоски.

Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.

Линк до видео:

Издвојуваме