spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ со нови обвинувања до ЗНАМ и Максим Димитриевски за политичко сателитство и тендерски интереси

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати остри критики до лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, по неговите последни јавни изјави во кои тој спомена можност за формирање на нови политички фракции или верзии како „ЗНАМ 3.0“. Според опозицијата, ваквите изјави претставуваат директно признание дека партијата ЗНАМ функционира како политички сателит под контрола на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Во своето соопштение, СДСМ тврди дека ЗНАМ првично настанала како проект наменет за слабеење на социјалдемократите одвнатре, но дека по влезот во власта брзо ги изгубила политичкиот интегритет и поддршката кај гласачите. Опозициската партија ја отвора и темата за финансиските и тендерските мотиви за влегувањето во коалиција, упатувајќи директни прашања за наводни бизнис интереси и доделени тендери вредни милиони евра, за кои бара одговори од раководството на ЗНАМ и владејачкото мнозинство.

Соопштение за јавност на СДСМ (Интегрално пренесено)

Максим Димитриевски призна дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број

Можело да се јави и ЗНАМ 3.0 вели Максим Димитриевски.

Ова е признание на Максо дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број.

ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски, да ја урива СДСМ одвнатре.

Ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите.

Влегоа во власта, станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата на Мицкоски.

Сателити. За тендери.

И толку, се распаднаа, изгубија вредност за само две години па Мицкоски спреми нова верзија, ЗНАМ 2.0.

И новата верзија, исто како старата, има една љубов, тендери од 1,6 милиони евра.

Сега, кога Максо призна, а знаеме дека ЗНАМ 2.0 зеле 1.6 милиони евра, прашањето е колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?

Знае ли Максо за уште некој проект на Мицко, па најавува ЗНАМ 3.0?

Сите сте прочитани, нема да ви помине.

Народот не е наивен.

Издвојуваме