spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ со нови детали за „енергетскиот октопод“ – Маја Борозан обвинува за милионска зделка со броила за струја

Претставничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Маја Борозан, на прес-конференција изнесе нови обвинувања за наводна поврзаност меѓу раководството на Владата и деловни структури во енергетскиот сектор, овојпат преку зделка за набавка на броила за електрична енергија вредна 13,2 милиони евра.

Според СДСМ, додека граѓаните се соочуваат со финансиски притисок и неизвесност околу идното ниво на сметките за струја, бизнис-мрежата околу премиерот Христијан Мицкоски остварува милионски договори. Во фокусот на обвинувањата е изборот на српската компанија „METER&CONTROL“ од страна на ЕВН Македонија, за која опозицијата тврди дека има директни сопственички врски со „Rudnap Group“.

Борозан ја истакна улогата на министерката за енергетика, Сања Божиновска, укажувајќи на нејзиното професионално минато како извршен директор во структурите на „Rudnap Group“, како и улогата на почесниот конзул Душан Адамовиќ. СДСМ тврди дека се работи за раширена регионална мрежа која ги поврзува српските и македонските политичко-бизнис елити со офшор-структури на Кипар, ставајќи ги во прашање транспарентноста и интересите на граѓаните при ваквите енергетски набавки.

Изјава / Соопштение од прес-конференцијата на Маја Борозан, СДСМ (Интегрално пренесено)

Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра

Додека се трупаат долгови и се распродава земјата, водата, рудата а граѓаните стравуваат од новите сметки за струја, бизнис-мрежата на Мицкоски брои милиони.

Веќе објавивме – нова зделка вредна 13,2 милиони евра.

Компанијата „METER&CONTROL“ од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за електрична енергија. Оваа фирма е поврзана со „Rudnap Group“, која се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк меѓу „Руднап“ и Владата на Мицкоски? Министерката за енергетика, Сања Божиновска и конзулот Душан Адамовиќ.

Во периодот од 2011 до 2014 година, Божиновска била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа.

Таа се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е партнер и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“, модел кој сега се најавува и во Македонија.

Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Ова е новата милионска алка во енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски, која СДСМ ја разоткри пред шест месеци.

Мрежа чии пипци се протегаат од Регулаторната комисија, РЕК и Развојната банка, па сè до офшор-структури на Кипар.

Офшор-структурите на Кипар водат до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а целата мрежа директно се поврзува со Владата преку Сања Божиновска.

„Руднап“ е една од клучните алки што ги поврзуваат СНС во Србија, ВМРО ОКГ во Македонија и енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски.

За граѓаните – повисоки трошоци, неизвесност и страв од секоја следна сметка за струја.

За енергетскиот октопод на Мицкоски – нов договор од 13,2 милиони евра.

Линк до видео:

Издвојуваме