Ходникот на „стратешкото партнерство“: Мицкоски со Рубио од нога, амбасадорот Попов спортски „у пролазу“
Дипломатијата на највисоко ниво бара протокол, јасна поставеност и достоинствена презентација на државните интереси. Сепак, сцените од кулоарите и хотелските ходници за време на меѓународните собири понекогаш откриваат многу повеќе од официјалните соопштенија за јавноста.
Неодамнешната кратка кулоарска средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и американскиот државен секретар Марко Рубио отвори низа прашања за тоа како македонската дипломатија ги организира и реализира средбите од највисок ранг. Наместо во официјална сала за билатерални разговори, дијалогот се одвиваше „од нога“ во динамична транзит-зона, додека во позадина, во кежуал односно спортска комбинација, помина македонскиот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов.
Протоколарен гаф или дипломатска реалност?
Иако кулоарските средби се вообичаена пракса за време на густите агенди на меѓународните самити, начинот на кој беше снимен и презентиран овој моментот предизвика бура од реакции во домашната јавност. Вниманието не беше насочено само кон брзината на разговорот, туку и кон однесувањето и изгледот на македонската дипломатска делегација.
Појавувањето на амбасадорот Попов во спортско издание „у пролазу“ ги подгреа дилемите за координацијата меѓу Владата и Амбасадата на Македонија во Вашингтон. Дали станува збор за тотално отсуство на протоколарна подготовка или за намерна дистанцираност на дипломатот од партиско-владината делегација?
Дипломатски имунитет или политички пазар?
Во политичките и новинарските кругови сè погласно се поставува прашањето зошто Зоран Попов — кој беше назначен за амбасадор за време на претходната власт на СДСМ — сè уште ја врши функцијата во најважниот стратешки центар за македонската надворешна политика.
Низа аналитичари и опозициски гласови отвораат повеќе контроверзни тези:
- Врските и заштитата: Дали амбасадорската позиција на Попов е заштитена поради роднинските релации со Никола Ќуркчиев и поддршката од влијателни бизнис и политички кругови, кои успеваат да оддржат баланс и со новата гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ?
- Задкулисен „дил“ за слабеење на СДСМ: Дали толеранцијата на новата власт кон одредени дипломатски кадри на претходниот систем е дел од поширок политички пазар? Во јавноста се шпекулира дека амбасадорскиот статус и недопирливоста на одредени функционери можат да бидат условени со пасивизирање или премолчено овозможување на внатрешни процеси што водат кон фрагментација и слабеење на СДСМ.
- Трошоци и одговорност: Со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција жестоко ги критикуваше дипломатските именувања и трошоците за амбасадата во Вашингтон, зошто по преземањето на власта одлучи да го задржи истиот амбасадор без обид за негово отповикување?
Што добива Македонија од „ходник-дипломатијата“?
Наместо да биде потврда за зацврстено стратешко партнерство, настанот остави впечаток на импровизација. Прашањата кои висат во воздухот не се однесуваат само на дрес-кодот на амбасадорот или форматот на средбата, туку на подлабокиот проблем: дали македонската дипломатија е заложник на партиско-деловни математики во кои градењето озбилни државни позиција останува во втор план, додека функционерите минуваат спортски — „у пролазу“?




