Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со жестока реакција по најновото зголемување на цените на нафтените деривати, при што цената на дизелот достигна 104,5 денари за литар. Опозицијата алармира дека овој ценовен шок директно ги погодува семејните буџети, земјоделскиот сектор, превозниците и синџирот на снабдување, што дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и цените на основните прехранбени производи.
Во своето соопштение, СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски и Владата за незасегнатост од кризата, посочувајќи дека владејачкото мнозинство ги одбило предложените опозициски мерки – меѓу кои намалување на ДДВ-то на 5%, укинување на акцизата за горива и зголемување на минималната плата на 600 евра. Опозициската партија прави паралела меѓу недостигот од поддршка за граѓаните и, според нив, високото трошење за јавни настани, владини делегации и тендери, оценувајќи дека товарот од кризата целосно се префрла врз грбот на граѓаните.
Соопштение за јавност на СДСМ (Интегрално пренесено)
Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.
СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра.
Арамијата Мицкоски ги одби.
Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.
Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните.
Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.
Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.
Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.
Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.
Тоа е арамиска власт.
Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување.
Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.




