spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) „ПРВО ТЕСТ, ПА ЌЕ ЗБОРИМЕ!“: ЈОН ФРЧКОВСКИ МУ ФРЛИ РАКАВИЦА НА МИЛЕ ЛЕФКОВ – СЛЕДУВА ДРАМАТИЧНО ЈАВНО ИСПИТУВАЊЕ ВО АКТРЕДИТИРАН ИНСТИТУТ!

 

Политичката сцена во земјава експлодира откако Јон Фрчковски упати директен, ултра-бомбастичен јавен предизвик до пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ!

Откако СДСМ и Венко Филипче јавно ги обелоденија владините документи кои потврдуваат дека за прославата на 35-годишнината од независноста се потрошени над 5 милиони евра народни пари наместо ветените нула денари, власта тргна во жесток противнапад со ниски удари. Но, наместо повлекување, Фрчковски возврати со невидена жестина и го постави Миле Лефков пред свршен чин со ултиматумот: „Миле, ти си на потег, прво тест, па ќе збориме!“

​Во своето жестоко видео обраќање, Фрчковски отворено ги демаскираше обидите на власта да го дефокусира јавното мислење преку вулгарни статуси и лични навреди на социјалните мрежи. Тој понуди модел за целосно разголување на вистината и ги повика сите акредитирани институции да извршат детални анализи на крв, коса и сите потребни медицински процедури за двајцата. На тој начин, пред очите на целата македонска јавност конечно ќе се види кој го зборува вистинскиот јазик, кој шири брутални лаги и кој на крајот ќе мора јавно да се извинува за изнесените клевети.

​Фрчковски упати и директно, предупредувачки остра порака до, како што ја нарече, „организираната банда“ од спротивниот табор, порачувајќи им следниот пат добро да размислат кого испраќаат во јавноста да ги брани нивните изгубени позиции.

Тој истакна дека ниските обиди за дискредитација нема да го покријат фактот дека 5 милиони евра се потрошени несоодветно, а однесувањето на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ја преминало секоја граница на достојност. Целата јавност со затаен здив сега чека само едно – дали Миле Лефков ќе има храброст да ја прифати ракавицата и да отиде на тестирање, или кукавички ќе се повлече пред очите на народот!

Видео од обраќањето на Фрчковски:

 

Издвојуваме