ПРЕДСТАВА ЗА ЈАВНОСТА ДОДЕКА ШВЕРЦОТ ЦВЕТА: Шефот на ВМРО-ОКГ се слика со донации од ЕУ и демне пред објективите, а седум месеци молчи за скандалот со марихуаната што ја помина границата како сито!
Премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ денеска приредија нов циркуски спектакл на граничниот премин Табановце, сечејќи ленти и сликајќи се со специјализирани царински возила финансирани со пари од Европската Унија. Додека власта глуми решителна борба против организираниот криминал за потребите на ТВ-камерите, реалноста го разобличува целосното лицемерие на овој режим.
Опозициската СДСМ жестоко реагира и поставува директно прашање до шефот на бандата: Каде се 5-те тони дрога што пред седум месеци необјасниво ја поминаа македонската граница и завршија кај високи функционери на нивната сестринска партија СНС во Србија? Додека европските интеграции стојат во место, а Извештајот на ЕК алармира за партиски притисоци врз правосудството, границите функционираат како приватна патека за шверц кога во прашање се партиските интереси. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на СДСМ во целост:
ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ НА СДСМ:
Соопштение за јавност
Денеска шефот на ВМРО-ОКГ оди на Табановце да се слика со специјализирани возила за Царина. Проект на ЕУ.
Камери. Лента. Говор за борба против организиран криминал.
Нека одговори прво ова: Што е со петте тони дрога?
Седум месеци нема одговор.
Пет тони марихуана слободно ја минаа границата и завршија во село Коњух во Србија, кај висок функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО.
Кај човек близок до Братислав Бата Гашиќ, поранешен министер за полиција, директор на БИА, министер за одбрана. И до ден-денес тишина.
Мицкоски со денови снимаше филмски акции. Запленуваше канабис пред камера. Обвинуваше. Се правеше ловец.
По повеќе од седум месеци за петте тони што излегоа од државава – ни збор. Ни истрага што се гледа. Ниту одговорност. Ниту име.
Како, со камери „Safe City“, со гранична полиција, со царина, со скенери, пет тони минуваат како да нема држава?
Како никој нема информација? Бандата гледа настрана кога товарот оди кон сестринска партија.
И сега, кога веќе оди на свечено предавање возила платени од ЕУ, нека се сети што не заврши.
Не ги заврши реформите што им ги вети на граѓаните. Истече и вториот рок.
Ланската година добија грејс-период од дванаесет месеци. Јуни помина. Домашната задача стои. ЕУ бара независни институции. Да нема нарачки по телефон во полиција, во суд и во обвинителство.
Последниот извештај на Европската комисија е катастрофален токму тука: мешање и притисок врз правосудството, сериозна закана за независноста на судовите.
ЕУ не носи возила за да се слика арамијата. ЕУ бара слободни институции што не одговараат на организирана криминална група. ВМРО-ОКГ сака институции што одговараат на Мицкоски.
Затоа Македонија стои во место. Затоа границата е сито кога треба. Затоа камерата работи на церемонија, а не на шверц.
Денеска нема потреба од нов говор. Има потреба од еден одговор од Мицкоски: како пет тони излегоа, кој молчеше и зошто шефот на бандата се прави слеп токму кога сестринската мрежа е во кадарот?!
СДСМ нема да гледа лента. Ќе го гледа товарот што помина. Додека Мицкоски дели возила против криминал, криминалот си ја заврши работата.




