spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска

 

Десет недели трае молкот и лагата за квалитетот на водата за пиење. Од труењето на илјадници граѓани во Гостивар, преку загадувањето на Лепенец и Вардар, па сѐ до најновиот помор на риби во реката Треска, власта предводена од Христијан Мицкоски и Сашо Клековски свесно ги крие лабораториските извештаи од јавноста. Додека над 50 населени места низ Македонија немаат официјални и потпишани анализи за тоа каква вода пијат, ВМРО-ДПМНЕ ги крие документите во фиока и се обидува да ја замачка реалноста со скапи естрадни концерти и пропагандни снимки од дронови.

Текстот пренесен интегрално (во целост), онака како што е наведен во соопштението:

Соопштение за јавност

Десет недели. Толку долго трае лагата за водата.

Во Гостивар илјадници граѓани се отруја. Околу пет илјади бараа помош. До денес немаат потпишан јавен извештај што го разбира секој што пие вода од чешма.

Го имаат само зборот на арамијата Мицкоски дека е чисто. После хиперхлорирањето на Тошковски. После бактериите. После забраната. После техничката вода што не се пие. Зборот на шефот на бандата не е анализа.

Сега угинува рибата во Треска. Се бараат итни анализи. Истото прашање како во Гостивар, како на Лепенец, како на Вардар: каде се резултатите?

Орце Ѓорѓиевски, човекот-дрон на ВМРО-ОКГ, водата ја проверуваше од воздух. Резултат нема. Во повеќе од педесет места низ Македонија извештаи за квалитет на водата нема.

Ги кријат Мицкоски и Клековски. Ги кријат затоа што водата не се слика добро кога е валкана. Ги кријат затоа што труењето има име и презиме, функција и одговорност.

Зошто се кријат извештаите? Затоа што ако народот ги прочита, пропаѓа бајката. Пропаѓа фразата – „нема криминал“. Пропаѓа лагата – „се живее подобро“. Пропаѓа концертот како анестезија.

Арамијата мисли дека после Дејвид Гета, платен 5,53 милиони народни евра од Лотарија, граѓаните ќе заборават што пијат. Нема да заборават. Водата не е естрада. Водата не е публика од 200.000 што ја нема.

Водата е прва работа што влегува во куќата. Кога ќе ја отруеш, си ја отрул државата.

ВМРО-ОКГ управува вака: камера на бина, дрон над река, извештај во фиока.

СДСМ бара сега, не утре: целосни извештаи за Гостивар, за Треска, за Лепенец, за Вардар и за секое место каде што водата се крие како државна тајна.

Без потпис на лабораторија нема чиста вода. Има само банда што се плаши од сопствената чешма.

Кој крие вода, крие злосторство. А кој после тоа организира концерт, не слави независност. Слави што народот сеуште нема документ во рака дека водата е чиста.

Издвојуваме