spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО)​„Државата нè заборави, грозјето ни се скапа!“ – Лозар од Тиквешијата очајнички ги повикува медиумите и властите

Револтиран лозар од Тиквешкиот регион преку емотивно видео-обраќање упати јавен апел до сите национални и локални телевизии, како и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи институциите конечно да обрнат внимание на катастрофалните штети во лозарството.

​Скапани лозја и штети над 80 проценти ​

На снимката од лозовите насади во кавадаречкиот крај, лозарот покажува дека голем дел од грозјето е уништено и скапано на самите стебла. Според неговите проценки, штетите оваа сезона надминуваат 80 проценти, што претставува директна закана за опстанокот на лозарите. ​

Критики до медиумите: „Зошто молчите за пропаста?“ ​

Тој отворено ги повикува и критикува телевизиските куќи зошто не ја пренесуваат реалната состојба од теренот:

​„Дали во државата постои Македонска телевизија, Алфа, Сител, Телма? Постојат ли воопшто локални телевизии да објават како грозјето скапа оваа година преку 80 проценти? До кога ќе молчите?“

​Повик до инспекторите и Министерството за земјоделство ​

Покрај кон медиумите, остри критики беа упатени и до Министерството за земјоделство, како и до подрачната единица во Општина Кавадарци. Лозарот ги повикува службениците и инспекторите Конечно да излезат на терен:

​„Има ли Влада, има ли Министерство за земјоделство? Има ли во Општина Кавадарци во подрачната единица вработени, инспектори или било кои службеници да излезат, да најдат решение, или немаат очи па не можат ова да го видат?“ ​

„Интересите се во фотоволтаици и дата-центри, а земјоделието умира“ ​

Според неговите зборови, државните приоритети се целосно изместени. Додека традиционалното производство од кое живеат голем број семејства пропаѓа, фокусот на надлежните е насочен кон бизниси со фотоволтаици, дата-центри и други приватни инвестиции.

​„Еве вака изгледа пропаста во Тиквешијата. Ова беше последната гранка што не држеше… Нека ни е на здравје на сите“, порачува тој на крајот од видеото.

​Отворени за став од надлежните институции ​Редакцијата на нашиот портал го објавува видеото во целост и останува отворена за одговор, став или соодветна реакција од страна на Министерството за земјоделство и локалните власти во Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија.

Видео:

Издвојуваме