Политичкиот фронт меѓу опозициската СДСМ и власта дополнително се вжештува по најавите за нови инвестициски проекти и експлоатација на природните ресурси во државата. На вонредна прес-конференција, опозицијата излезе со сериозни предупредувања за фатални последици врз животната средина, здравјето на луѓето и подземните води, обвинувајќи ја власта за самоволно носење одлуки зад грбот на граѓаните. Од СДСМ алармираат дека проектите за дата-центри и евентуалното ископување на антимон директно го загрозуваат најважниот ресурс — питката вода, и бараат итно распишување локални референдуми за граѓаните сами да одлучат за својата иднина.
Во продолжение ви ја пренесуваме прес-конференцијата на Кети Штерјова од СДСМ во целост, интегрално и без измени:
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова
Мицкоски ја распродава Македонија.
Земјата, водата, рудата, природните ресурси, националните богатства ги нуди на компании.
Одлучил Мицкоски сам, народот никој не го прашува.
Прво, за дата-центрите – одлуката е веќе донесена од Мицкоски.
Дата-центрите ја загреваат водата, трошат огромни количества електрична енергија, а сметката ја плаќаат граѓаните и земјоделците кои ќе останат без вода.
Нема нови работни места, нема профит за државата – профит има само за компанијата.
Водата е најважниот ресурс.
Во време кога водата на повеќе од 50 места во Македонија е загадена, Мицкоски сака да копа антимон.
Ископувањето може да биде опасно за граѓаните, бидејќи изложеноста на прашина може да ги оштети белите дробови и да влијае врз срцето, црниот дроб и други органи, а може да дојде и до загадување на подземните води.
Водата тогаш може да содржи антимон и други тешки метали. Јасно ви е колку може да биде опасно, кога сега во водата имаме бактерии од фекално загадување, а замислете го и ова.
Веќе 11 недели не можеме да добиеме извештај дека водата во Гостивар е чиста, иако над 5.000 луѓе завршија во болница. Како оваа неспособна власт ќе се справи со ризиците од рудник за антимон?
Ископот на антимон е опасен исто како и литиумот.
Запрен е на повеќе места во Европа токму поради опасност по животната средина и по луѓето.
Изгледа дека Мицкоски одлучил да им ги земе сите пари на граѓаните, да земе провизија од секој проект и да ја упропасти целата држава.
Да ги истера луѓето од сопствената земја.
Мицкоски нема право да ја распродава земјата, водата, рудите, националните богатства
Мора граѓаните да се прашаат.
Во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници.
Бараме референдум!
Македонија не е на распродажба!
Видео:




