spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ЖЕШКИ СТРЕЛИ ОД БИХАЌКА: СДСМ со брутален фронтален напад врз Максим Димитриевски и ЗНАМ – ги обвинија за предавство и тендер-патриотизам!

Политичката сцена во Македонија се загрева до точка на вриење откако опозицискиот СДСМ излезе со жестоки обвинувања на сметката на Движењето ЗНАМ и неговиот лидер Максим Димитриевски. По повод нивниот двегодишен отчет, од „Бихаќка“ упатија остри критички стрели, означувајќи го ЗНАМ како „сателит на ВМРО-ДПМНЕ“ и директно обвинувајќи ги за политичко предавство, трговија со влијание и бизнис-интереси скриени зад патриотска реторика. Според СДСМ, наместо реформи и развој, изминатите две години биле одбележани со политички пазарења за функции, локални тендери и лични профити.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението за јавност на СДСМ во целост, интегрално и без никакви измени:

Соопштение за јавност

Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.

Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – тендери.“

Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”.

Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите.

ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре.

Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ.

Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата.

Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта.

Резултатите ги знае народот.

Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл.

Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор.

Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници.

Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми.

Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?

СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име.

Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена.

Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме.

ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата.

Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка – тендер.

Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно.

Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара.

Издвојуваме