spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ врти стара плоча дека наследиле деценски долг а за две години направија нов долг од 4 милијарди евра

СДСМ: ВМРО-ОКГ ја врти истата износена плоча — Мицкоски ја испразни касата и го зголеми долгот за 4 милијарди евра за само две години!

Наместо одговорност за економскиот хаос, Владата на Христијан Мицкоски повторно се вади на евтини оправдувања за „наследени долгови“, криејќи го фактот дека тие самите беа на власт речиси половина од изминатите 35 години. Од СДСМ алармираат дека оваа организирана криминална група постигна неславен рекорд: за само две години ја задолжи државата за неверојатни 4 милијарди евра, додека каматите скокнаа на 350 милиони евра годишно, а парите наместо кај граѓаните, земјоделците и пензионерите, завршуваат во криминални партиски тендери.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението интегрално:

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ повторно ја врти истата плоча – тврди дека наследиле долг од изминатите 35 години.

А што направија тие за две години?

За само две години Владата на Мицкоски направи околу 4 милијарди евра нов долг.

Тоа е темпо што никој во 35 години независност не го постигнал.

Касата е празна. Се задолжуваат секоја недела.

Каматите скокнаа од 120 на 350 милиони евра годишно.

Парите одат во криминални партиски тендери а не во плати и пензии, не одат кај земјоделците или за стандардот на граѓаните.

ВМРО-ОКГ беше на власт речиси половина од тие 35 години, од Георгиевски, преку 11-те години на Груевски, до Мицкоски денес.

И тие земаа кредити. И тие создаваа обврски.

Сега се прават како да е сè „наследено“ и како да немаат никаква одговорност за новото задолжување.

Бројките за некаков раст не ги полнат фрижидерите.

Граѓаните најдобро ја гледаат вистината во своите паричници, во сметките и во идните обврски што ќе ги плаќаат нивните деца и унуци.

СДСМ земаше кредити за да им даде на граѓаните пари во време на најголема криза, после ковид пандемијата и светската економска криза.

Разликата е јасна:

* 8 милијарди евра долг – тоа е вкупниот долг што го создадоа сите претходни влади, во изминатите децении.

* Мицкоски создаде 4 милијарди евра нов долг за само две години, без конкретни резултати за народот.

Оваа организирана криминална група нема граници.

Ниту во задолжувањето, ниту во префрлањето на одговорноста.

СДСМ ќе продолжи да ги бара одговорите: каде одат парите од новите кредити, зошто касата е празна и до кога ќе се задолжуваат генерациите.

Издвојуваме