Откако го соборија сите рекорди со историско задолжување од над 4 милијарди евра за само две години, пропагандниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ повторно извади дигитрони и почна да крои виртуелна економија. Во паничен обид да ги дефокусираат граѓаните од празните фрижидери и астрономските сметки, од Белиот Дворец соопштија дека процентите на долгот „паѓале“, додека во реалноста кредитите се нижат секоја недела, а каматите скокнаа на скандалозни 350 милиони евра годишно.
Иронијата ги урива сите граници: оние кои владееја речиси 13 години од независноста и го оставија Скопје 2014 во гипсани фигури и милионски должини, денес се прават загрижени за роковите до 2030 година. Магијата со „растот од 4,3%“ секако не се преведува во пониски цени на маркетите, но затоа одлично служи како параван за криминалните партиски тендери и скапите владини прослави.
Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение интегрално:
СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.
ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП.
Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.
Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.
Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?
Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.
Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.
Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.
И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.
Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.




