Додека премиерот Христијан Мицкоски секојдневно користи навредлив речник и јавно пресметува кој е „талог“, а кој „елита“, неговата партија сега се обидува да игра евтина психологија. Во паничен обид да го измијат автократскиот говор од 8 Септември — одржан со државниот обвинител како декор — од Белиот Дворец соопштија дека СДСМ „сами си се препознале“.
Иронијата да биде поголема, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува другите за „нихилизам и поделби“, додека нивниот лидер јавно се заканува со институционални пресметки, а функционерите редат милионски скандали и апанажи. Навистина фројдовски: кога креаторите на партиската омраза ќе кажат реч за „талог“, најдобро се опишуваат самите себеси и сопственото владеење.
Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение интегрално:
СДС и Филипче сами си се препознава во талогот во општеството
Почитувани,
Претседателот на владата христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.
Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.




