spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Македонското земјоделство се соочува со една од најтешките кризи во поновата историја на државата. Додека земјоделците и макотрпните производители ги гледаат плодовите на својот труд како скапуваат по нивите и лозјата, актуелната власт демонстрира целосна незаинтересираност, неспособност и отсуство на каква било стратегија за заштита на домашното производство. Наместо сигурен пласман, загарантиран откуп и достоинствени цени кои го покриваат макотрпниот труд, земјоделците се соочуваат со драстично намалени субвенции, блокирани европски фондови и постојан раст на трошоците за гориво и репроматеријали. Додека цените во продавниците соборат рекорди, откупните цени на земјоделските производи рушат сите минимуми, туркајќи ги македонските селани и сточари на работ на егзистенцијата.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

 

Арамијата Мицкоски го доведе македонското земјоделство до колапс.

Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци.

Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп.

Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години.

Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра.

Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат.

Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари.

За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм.

Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство.

Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива.

Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт.

Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци.

Истовремено, трошоците секојдневно растат.

Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство.

Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година.

Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти.

Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа.

Вака навистина никогаш не било.

Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата центри.

Издвојуваме