Додека Македонија се соочува со системска криза, нерешени еколошки инциденти и постојан раст на трошоците за живот, власта на Христијан Мицкоски ја претвори државната политика во приватен деловен сервис. Зад превезот на скапи странски турнеи, наводни дипломатски успеси и кулоарски средби снимени по хотелски фоајеа, се одвива тивка, но комплетна распродажба на националните ресурси.
Наместо транспарентност и одговорност пред сопствениот народ, одлуките за критичната инфраструктура, енергетиката и природните богатства се носат зад затворени врати, во тесен круг на доверливи бизнис-соработници. Додека граѓаните со месеци чекаат официјални одговори за безбедноста на водата за пиење, квалитетот на воздухот и здравствените ризици, ресурсите на државата се ставаат во функција на приватни профити, увозни лобија и скапи маркетиншки проекти. Македонија не е приватна сопственост за распродажба — граѓаните бараат полна одговорност и прекин на самоволието.
Соопштението на СДСМ го пренесуваме интегрално:
Мицкоски ја распродава Македонија – народот не се прашува
Антимон. Дата-центри за провизии. За народот – загадена вода и скапа струја.
Мицкоски договорил. Инвеститорот го знае.
Локацијата ја знае. Знае кој ќе ја увезува струјата. Знае кој ќе го копа антимонот. Ги знае своите провизии.
Народот не знае ништо.
Единаесет недели граѓаните на Гостивар се без извештај за водата. Над педесет места во државата без јасен извештај со месеци.
Месеци без име кој ги отру Лепенец и Вардар.
Има нови случаи на починати од западнонилска треска поради неадекватна превенција.
Извештаите за водата се кријат. Треската се игнорира. Човекот плаќа.
Мицкоски со Адамовиќ, Лазаревиќ и Божиновска ја продаваат струјата и тераат бизниси со броила.
Милиони од граѓаните во приватни џебови.
Криминалот и корупцијата цветаат.
Обвинителството не мрда со прст за труењата во Гостивар, за тепањето млади во Ново Село, за десетици пријави за криминални тендери. Работи по телефон на арамијата.
Договорил приватни дата-центри. Хардвер за туѓа дигитализација. Струјата што тој ќе ја увезува ќе ја платат граѓаните поскапо отколку денеска.
Цевка нема. Електрана на гас што би ги хранела серверите нема. Има увоз. Има сметка.
Договорил рудник за антимон. Добил помалку отколку што дал за Дејвид Гета. Пет милиони долари за дупка.
5,53 милиони евра народни од Лотарија за диџеј.
Земјата евтина. Концертот скап.
Две недели екскурзија. Околу педесет души на народен грб. Платени лобистички куќи за состаноци за сликање. На Фејсбук објавува не постоечки средби со највисоки функционери – некој од придружбата снима од страна додека арамијата „случајно“ ги запознава во хотелски фоајеа.
Ходник со Рубио го продава како самит. Раскопчан. Раце во џебови. Часовници од шеесет илјади евра и костими од десетина илјади евра.
Народот не се прашува за ништо. Арамијата Мицкоски е „институција“ – сам одлучува за иднината на граѓаните.
Водата ја крие. Струјата ја продава. Во буџетот нема пари, повторно ребаланс и нови задолжувања.
Арамијата ја полни својата каса, сè се прелева.
Ова не е влада туку распродажба.
Земјата не е негова. Земјата е на народот. Доаѓа време кога ќе ја врати. И кога бандата ќе одговара.