Телевизија Канал 5 излезе со официјално реакција и најава за бојкот на прес-конференцијата на која е предвидено присуство на Бобан Милошески од „Авалон продукција“. Од медиумот истакнуваат дека нема да присуствуваат на настанот поради, како што наведуваат, претходна вербална агресија и несоодветно однесување кон новинарка од весникот „Слободен печат“.
И покрај одлуката за непикривање на самиот настан во живо, од Канал 5 потенцираат дека ставовите и изјавите на владините претставници кои ќе учествуваат на пресот сепак ќе бидат пренесени за јавноста.

Во продолжение ви го пренесуваме официјалното соопштение на Канал 5 ТВ во целост:
КАНАЛ 5 ТВ ЌЕ ГО БОЈКОТИРА УТРЕШНИОТ ПРЕС ЗОШТО ЗАКАЖАН ЗА 13 час. НА КОЈ ЌЕ ПРИСУСТВУВА И БОБАН АВАЛОН, НО ЌЕ ГИ ПРЕНЕСЕМЕ СТАВОВИТЕ НА ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ.
Иако нашата ТВ куќа е ужасната и фрапирана од нивото на воспитна запуштеност и дрскост на човекот кој има лична дилема дали личи на идиот или не, Канал 5 ќе ги пренесе ставовите на Владата искажани на овој прес. Жално е што една лична дилема на Бобан Милошески од Авалон прерасна во класична вербална агресија и булинг кон нашата колешка од Слободен Печат која во ниту еден момент не изусти провокативен збор. Уште поважно што станува збор за дама која никако не очекувала да биде јавно таргетирана од страна на претставник на посилниот пол. Лица со ваков дефицит на самоконтрола не смеат да бидат дел од медиускиот простор во Македонија!
ОЧЕКУВАМЕ И ДРУГИТЕ НАШИ КОЛЕГИ ДА ГО СЛЕДАТ ОВОЈ НАШ ПРИМЕР

Канал 5 ТВ
#Македонија #Канал5 #Прес #Авалон #Бобан #Милошески




