Фрчковски го „фати во лага“ Мицкоски – Документите откриваат каде завршија 5 милиони евра народни пари!
Со жесток и бескомпромисен напад, Јон Фрчковски ја бранува македонската јавност, директно удирајќи по премиерот Христијан Мицкоски! Додека власта се обидува да ја убеди јавноста дека прославата чинела „нула денари“, Фрчковски извади црно-на-бело докази кои деmaskираат скандал од неверојатни 5 милиони евра – пари од граѓаните пренасочени од АД Државна Лотарија за државен луксуз, наместо за вода во Гостивар, земјоделци или повисоки пензии.
Прочитајте го целосниот текс од пост во продолжение:
Колку лаже Мицкоски? 100%. Нема „0 денари“ туку 5 милиони евра, народни пари. Или по онаа народната, ако Мицко лаже, документите не лажат.
1.А.Д Државна Лотарија, 100% во сопственост на државата распишува “Јавен Повик” за организација на прославата “врз основа на ЗАПИСНИКОТ ОД 167ма СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА”. Значи владата на Мицкоски преку заклучок на седница му “укажува” на своето акционерско друштво нераспределената дивиденда за 2024-та година во вредност од 300.000.000 денари да ја намени за прослава.
2.Можела Владата да му “укаже” на АД Државна Лотарија истиве 300.000.000, на истиот начин да ги намени (или уплати во буџетот) за поддршка на земјоделците, за поддршка на граѓаните на Гостивар со вода за пиење, за зголемување на пензиите на дел од пензионерите, за зголемување на минималната плата (во еден дел), или за други неопходни работи… Ама тоа не го направила.
3.Значи Владата на Мицкоски одлучила т.е “укажала” 5 милиони евра да завршат токму за прослава.
Нема “елита” Мицкоски, граѓаните не се идиоти… Жив те фативме пак како лажеш!





