Раководството на СДСМ ги изненади децата од СОС Детското село пред почетокот на новата учебна година. Претседателот Венко Филипче, заедно со генералниот секретар Александар Саша Димитриевиќ и организациониот секретар Зоран Трифуновски, донираа училишен прибор и ранчиња со желба да им овозможат радосен и успешен почеток на школските денови.



Преку емотивна објава на социјалните мрежи, Филипче ја истакна важноста на солидарноста и грижата за најмладите, порачувајќи дека секое дете заслужува еднакви можности за да ги оствари своите соништа.
Интегралниот текст од објавата ви го пренесуваме во целост:
„Мал подарок од срце, за големи успеси во иднина.
Дониравме ранчиња и училишен прибор за дечињата поддржани од СОС Детското село, со желба новата учебна година да ја започнат со насмевка, радост и успех
.Секое дете заслужува грижа, поддршка, љубов и можност да ги оствари своите соништа.
Солидарноста е човечка вредност, највредно во живтот е кога сме тука едни за други.“








