spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Давчевски: Скопје што ти се случува!? Хаосот во главниот град и јавниот превоз стана секојдневие!

Скопје во колапс: Автобуси горат, новите остануваат без гориво насред раскрсница ​

Хаосот во јавниот превоз во Скопје стана секојдневие за жителите на главниот град. Според изјавата на Александар Давчевски, претседател на градската организација на СДСМ Скопје, граѓаните веќе ништо не може да ги изненади. ​

„Утринава се запали автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), а веќе попладнево автобус остана дефект на самата раскрсница помеѓу булеварите Климент Охридски и Теодосиј Гологанов“, истакна Давчевски од лице место.

 

​Иако возилото делува дека е во добра кондиција, снимките од терен покажуваат како вработени полнат гориво со кантери директно на улицата. Овој инцидент, според Давчевски, е чист пример за лошо планирање и неспособност во раководењето со градските претпријатија.

​Потрага по дежурен виновник ​

Давчевски упати директни критики до локалната власт и праша кој повторно ќе биде обвинет за хаосот во кој се наоѓа Скопје.

​„Дали повторно некој друг ќе биде виновен? Дали ова е пак ‘подгревање на состојбите од страна на опозицијата’, а не фактичката ситуација во која ги доведовте јавните претпријатија? Повторно ли ќе слушаме изговори? Скопјани не гласаа за ова“, нагласи тој. ​

Пет години системска негрижа ​

Во својата реакција, претседателот на градската организација на СДСМ порача дека е доста од префрлање на одговорноста и побара итни чекори за решавање на проблемите:

  • ​Неспособност во управувањето: Градот се соочува со комплетен застој во функционирањето на основните услуги за граѓаните.
  • ​Траен хаос: Со години скопјани се изложени на малтретирање и лоша инфраструктура. ​
  • Повик за одговорност: Локалната власт мора да престане со изговори и да започне вистински да работи во интерес на граѓаните.

​„Аман доста веќе од изговори, фатете се за работа. Не цела година како неуправувате со главниот град, а кога ќе ги додадеме и претходните четири години од мандатот на вашиот кандидат, тоа се речиси пет години узурпација и малтретирање на скопјани. Доста е веќе“, заклучи Давчевски.

Целата видео-изјава и реакција од терен можете да ја погледнете видеото:

 

 

 

 

Издвојуваме