spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Кузевска:Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива.

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција изнесе сериозни обвинувања на сметка на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. ​

Кузеска тврди дека власта далеку од очите на јавноста договара приватни бизниси со клучните национални ресурси како што се водата, струјата и земјиштето за изградба на комерцијални дата-центри. Таа обвини дека тврдењата од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност на овие инвестиции со Реформската агенда на ЕУ се манипулација, со цел да се прикријат приватни профитери и тендерски апетити на сметка на граѓаните. ​

Текст од прес-конференцијата ​

Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

​Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ ​

Секој ден излегуваат нови детали кои го потврдуваат она за што СДСМ предупредува: под радарот, далеку од очите на граѓаните, се договараат бизниси со стратешките ресурси на Македонија: водата, струјата, земјата.

​Мицкоски вели дека се ќе биде транспарентно, а јавно признава дека преговара со 5-6 инвеститори.

​Со кого се договара Мицкоски „под радарот“ никој не знае. Имиња не се објавуваат.

​На кого Мицкоски му ги става на располагање водата, земјата и струјата на Македонија?

​Колку ќе ги чини тоа граѓаните? Пари, вода, плодно земјиште?

​Граѓаните не знаат ништо. ​

Мицкоски работи „под радарот“.

​Затоа вчера го пушти пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, да го правда.

​За кредибилитетот на Лефков нема да трошиме ниту збор, граѓаните многу добро знаат дека го нема.

​Но тврдењата дека комерцијалните дата центри имаат врска со Реформската агенда со Европската Унија е класична лага.

​Што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центри што Мицкоски ги договара за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?

​Апсолутно ништо.

​Станува збор за две сосема различни работи.

​ВМРО-ОКГ толку много лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии.

​Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.

​Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?

​За приватните инвестиции кои Мицкоски ги договара „под радарот“ да ги покријат со европската Реформска агенда која не ја исполнија.

Поглегнете го видеото од прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Издвојуваме