spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Штерјова: Мицкоски го штити Стоилковиќ и молчи за величењето на Ратко Младиќ

Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски поради изостанокот на одговорност за министерот Иван Стоилковиќ и директорот Далибор Китановиќ. Според СДСМ, наместо разрешување и кривична одговорност согласно член 407 од Кривичниот законик за оправдување воени злосторства, власта ја спроведува таканаречената операција „Талог“ за внесување поделби, тензии и оддалечување на земјата од Европската Унија. ​

Во продолжение го пренесуваме интегрално соопштението од прес-конференцијата:

​„Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ. Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. ​

Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка. ​

Наместо кривично да одговараат и двајцата, согласно член 407 од Кривичниот законик поради ‘Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства’. Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување. ​

Луѓе како Стоилковиќ и Китановиќ со такви ставови не треба и не смее да бидат вршители на каква било јавна функција во Владата.

​Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ? Дали Ратко Младиќ е и негов генерал?

​Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши. ​

Ова е дел од поширока агенда, сценарио на Вучиќ кое Мицкоски го спроведува и за кое СДСМ предупредува. Создавање тензии, поделби меѓу граѓаните, етнички провокации и поделби, операција ‘Талог’. ​

Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.

​Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ. Сè е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација, а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

​Прашањето е што е следно? Што друго имаат подготвено?“

​Видео од прес-конференцијата можете да погледнете на следниот линк:

Издвојуваме