spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: „На бајките на Мицкоски им нема крај – Власта најавува 1.000 евра просечна плата, а одби 600 евра минимална плата!“

СКОПЈЕ — Економските политики и вештачкото креирање популистички ветувања повторно се во фокусот на жестоката политичка дебата меѓу власта и опозицијата. По последните изјави од владејачкото раководство за постигнување историски висока просечна плата од 1.000 евра, од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагираат со остри обвинувања за манипулација со граѓаните и сурова реалност на теренот.

Од СДСМ потсетуваат дека додека премиерот Мицкоски ветува нереални цифри, владејачкото мнозинство во Собранието експресно го одби предлог-законот на опозицијата за покачување на минималната плата на 600 евра, оставајќи ги работниците да се соочуваат со енормно високите трошоци за живот.

Редакцијата на napred.mk ги следи сите случувања од социјалниот и политичкиот сектор и во целост ви го пренесува соопштението за јавност на СДСМ:

Интегрално соопштение за јавност на СДСМ:

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во целост:

Арамијата излезе со нова бројка. Просек од илјада евра плата. Како пензиите, исто, што велеше дека се 16 пати зголемени. Како третата економија во Европа. Како Гета што чинел нула.

Минималната плата од 600 евра ја одбија во Собрание. СДСМ го поднесе Законот. ВМРО-ОКГ не гласаше. Левица не беше во сала. ЗНАМ не даде глас.

Сателитите не застанаа на страната на работникот.

Две минимални не ја покриваат ниту намалената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000. Гориво е до плафон. Луѓето немаат за леб. Арамијата црта илјада.

Просек од илјада евра плата не се прави со говор. Се прави со дела, со покачување на минимална плата, со намалување на синдикална кошница, со мерките што СДСМ ги предложи уште на почетокот на кризата. Ништо не беше прифатено. Цените отидоа до плафон. Сега доаѓа бајка.

Нема 600. Има илјада. Нема плата. Има цртање. На бајките на арамијата им нема крај. Сметката ја плаќа народот.

Издвојуваме