spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Филипче: Левица и ВМРО не гласаа за повисока минимална плата во Собрание

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), д-р Венко Филипче, во своето гостување во емисијата „Импакт“ на Телевизија Шења упати жестоки критики до пратениците од парламентарното мнозинство предводено од ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН, како и до опозициската Левица, поради одбивањето да го поддржат законскиот предлог на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра.

Филипче истакна дека ова гласање во Собранието ги разобличи вистинските приоритети на власта и Левица, покажувајќи дека тие целосно ја занемаруваат тешката социо-економска состојба во која се наоѓаат работниците. Според лидерот на СДСМ, во услови кога трошоците за живот драматично растат, а синдикалната потрошувачка кошничка не може да се покрие ниту со три минимални плати, одбивањето на законот — кој предвидуваше и државни субвенции за придонесите на приватните компании за да не се оптоварат бизнисите — претставува директен удар врз животниот стандард на граѓаните. Покрај тоа, Филипче предупреди на продлабочување на фискалниот дефицит, лошото менаџирање со финансискиот систем и удвојувањето на дупката во Фондот за пензиско осигурување, што ја води државата кон економска стагнација и засилено иселување на младите.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во неговата интегрална форма:

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Филипче: Левица и ВМРО не гласаа за повисока минимална плата во Собрание

Соопштение за јавност

Пратениците на ВМРО, ЗНАМ, ВЛЕН и на Левица, денеска во Собранието не гласаа за зголемување на минималната плата на 600 евра, во услови кога работниците не можат да преживеат, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Импакт“ на телевизија Шења. Филипче порача дека денеска дека ова е доказ дека на власта и на Левица не им се приоритет интересите на работниците.

„Денеска во Собранито беше одбиен Законот за зголемување на минималната плата.Денеска, пратениците на ВМРО, поддржани од целокупната коалиција, ЗНАМ и ВЛЕН, и пратениците на Левица, не гласаа за Закон за зголемување на минималната плата, која што ние го предложивме. Требаше да биде зголемена минималната плата на 600 евра. Го одбија и делот од законот, со кој што требаше да се субвенционираат предонесите за приватните компании, за да тоа не им биде терет на газдите на приватните компании, кога ќе ја зголемат минималната плата“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека работниците се во тешка состојба, сегашната минимална плата не стигнува ниту за основните трошоци за живот, а власта е фокусирана на своите лускузи и партиски тендери.

„Ништо друго, оваа власт не ја интересира. Не го поддржаа законот за зголемување на минималната плата, работниците не можат да преживеат. Ниту три минимални плати не се доволни да се преживее месецот, да се обезбеди потрошувачката кошничка. И тие така, без око да им трепне, не го поддржаа законот во Собрание. Ете за таква власт станува збор, тие се заинтересирани само за себе“ рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче говорејќи за економската и социјалната состојба, потенцираше дека власта ниту води грижа да обезбеди подобар животен стандард за граѓаните, ниту за одржлива финансиска политика, важни и се само партиските тендери.

„Ние не стоиме во место, имајќи предвид дека целокупниот регион напредува, ние практично назадуваме, младите се иселуваат. Милијарда евра недостасуваат во буџетот, пари кои што фалат и за плати, за пензии, за исплата на сувенции, за социјална помош. Околу милијарда евра е дупката во Фондот за пензиско осигурување, за две години е дуплирана од 500 милиони евра на милијарда евра, а наследија среден систем“, рече Филипче.

Линк до видео:

Издвојуваме