spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски е еден голем лажго, барон Минхаузен

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), д-р Венко Филипче, одржа вонредна прес-конференција на која упати сериозни и остри критики до премиерот Христијан Мицкоски и актуелната власт. Во своето обраќање, Филипче го обвини Мицкоски за континуирано манипулирање со јавноста и недоследност во водењето на државните и економските политики.

Споредувајќи го премиерот со познатиот литературен лик барон Минхаузен, лидер на СДСМ истакна дека најавениот ребаланс на буџетот е директна последица на лошото планирање, неспособноста за реализација на капиталните инвестиции и лошото менаџирање со економијата, а не на намалувањето на даноците и акцизите на горивата како што тврди власта. Филипче предупреди дека слабата наплата на приходите и огромниот дупка во буџетот од милијарда евра ја водат државата кон нови задолжувања кои паѓаат на товар на граѓаните.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението за јавност во неговата интегрална форма:

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција упати остри критики до Христијан Мицкоски за неговите лаги.

„Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече Филипче.

Тој го спореди однесувањето на премиерот со барон Минхаузен, оспорувајќи го образложението дека намалувањето на даноците на горивата е причина за ребалансот.

„Гледаме дека се најавува ребаланс. Повторно премиерот, во негов манир, во манирите на барон Минхаузен, кажува дека поради тоа што се намалила акцизата и ДДВ-то на горивата, треба да се прави ребаланс на буџетот. Ако недостатокот е околу 130 милиони евра, треба да се знаат вистината и фактите во однос на ДДВ-то и акцизата кај горивата“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Причините за недостигот на средства треба да се бараат во планирањето на буџетот и во управувањето со економијата.

„Уште една лага на Христијан Мицкоски. Што е вистината? Не е добро испланиран буџетот. Нема добра наплата, нема искористеност на капиталните инвестиции, предупредувавме на ова кога се носеше буџетот и сега што останува? Нови задолжувања. Зошто? Поради тоа што лошо се менаџира економијата“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека власта не може целиот недостиг во буџетот да го оправдува со кризата.

„Милијарда евра фалат во буџетот. Не е за тоа виновна кризата. Да, има свој придонес, меѓутоа не до тој степен да треба нов ребаланс на буџетот. Лошо водење на економијата и на финансиите доведува до тоа да фалат милијарда евра во буџетот“, рече Филипче.

Линк до видео:

Издвојуваме