Македонската политичка сцена повторно беше сведок на една надреална епизода од серијалот „враќање во минатото“.
Кога на екран ќе се појават ликови од политичката нафталинска архива, гледачот не може а да не се запраша: дали овие луѓе зависнаа во времето или едноставно одбиваат да ја видат сопствената политичка ирелевантност?
Андреј Петров и Игор Ивановски – Шема, двајца дежурни аналитичари и политички преживеани експонати од ерата на Бранко Црвенковски, уште еднаш ги здружија силите за да ни продадат изветветен популизам и извештачени анализи.
Нивниот настап беше ништо помалку од трагикомичен спектакл на луѓе кои делуваат како да коментираат натпревар, а никогаш во животот ги немаат одврзано копачките.
Во продолжение, ви го пренесуваме во целост коментарот на НЕНАД ЈОВАНОВИЌ кој со скалперна прецизност ја демаскира оваа политичка трагикомедија:




