СОБРАНИСКА БОРБА И ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: СДСМ го поддржува протестот на земјоделците и предлага конкретни мерки со Закон!
Во услови на растечко незадоволство низ македонските ниви и фарми, опозицијата излезе со отворена поддршка за најавените револти на земјоделскиот сектор. Официјално, СДСМ го поддржува протестот на земјоделците, но истовремено нуди и конкретно правно решение преку нов Предлог-закон поднесен во Собранието на Република Северна Македонија. Законот настанал по директните теренски средби на претседателот на партијата, проф. д-р Венко Филипче, со производителите ширум државата.
Според истражувањето и анализите на новинарскиот тим на napred.mk, предлог-законот предвидува вонредна и директна финансиска помош за сточарите, лозарите, оризопроизводителите и другите погодени земјоделски гранки за да се ублажи кризата со ниските откупни цени и доцнењето на субвенциите.
ИНТЕГРАЛНО ПРЕНОСЕНО СООПШТЕНИЕ НА СДСМ
Во продолжение, новинарскиот тим на napred.mk ви го пренесува соопштението за јавност во неговата интегрална форма:
СДСМ го поддржува протестот на земјоделците, но и конкретно со Закон во Собрание
Со месеци проф д-р Венко Филипче е на терен со македонските земјоделци. Предупредува за состојбата во земјата.
Револтот и незадоволство на земјоделците ширум државата поради погрешните и криминални политики на арамијата Мицкоски е огромно.
Ниска откупна цена на пченица, на млеко, неисплатени субвенции за сточарите, оставени се сами на цедило, без поддршка од владата и државата.
Уште арамијата сака да им ја распродава земјата и водата за туѓи интереси и профити.
Соочени со огромна неизвесност и загрозена егзистенција земјоделците се приморани да излезат на протест.
СДСМ во целост го поддржува најавениот протест на земјоделците и нивните барања.
Конкретно. И со Закон во Собрание којшто произлезе од средбите на Филипче со земјоделците и го поднесе СДСМ: за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци.
За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година.
За производителите на пченица, 5 денари по килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад.
Финансиска поддршка за лозарите од 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. Дополнителна поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад.
Предлог-мерките предвидуваат поддршка и за производителите на пиперка ајварка, и поддршка за оризопроизводителите.
10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.
Оваа помош ќе биде дополнителна на редовните директни плаќања и на останатите мерки за 2026 година, а треба да биде исплатена од Платежната агенција најдоцна до 31 декември.
Заврши времето на декларативни поддршки, СДСМ и Филипче имаат конкретен Закон, ајде поддржете го!