Партиските пропагандисти од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги пробија сите граници на иронијата и апсурдот. Во својот најнов обид да конструираат политички напад, тие се дрзнаа да го омаловажуваат професионалниот интегритет на д-р Венко Филипче — човек кој се школувал и докторирал во странство, важи за еден од најдобрите неврохирурзи во Европа и чие медицинско знаење го бараат врвни европски клиники. Оваа иронија станува уште побизарна ако се земе предвид дека го фалат Христијан Мицкоски, кој во својата академска кариера остана запаметен како „татино синче“ — човек кој заврши факултет кај сопствениот татко и беше асистент на истиот тој факултет. Додека Филипче спасува животи во операциона сала и предава европски стандарди, Мицкоски и неговите сè уште не можат да ја надминат матрицата на фамилијарно асистирање.
Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ви го пренесуваме во целост.
Интегрално соопштение
(ВИДЕО) Филипче призна дека студентите на кои им самиот им предава не знаат ништо
Токму со ова Филипче потврди една теза, а тоа е дека тој како професор нема знаење на материјата што ја предава па затоа и студентите не можат да научат ништо од него.
Се надеваме дека со новите измени во Законот за високо образование, Филипче ќе го зачува статусот на професор, бидејќи не загрижува професор на медицински факултет да има страв неговите колеги да не лекуваат утре ден, а притоа знаењето Венко Филипче не е способен да им го пренесе – од кои причини не знаеме.
Дополнително, не плаши можноста дека Филипче на студентите можеби им предава за тоа како да направат провизии од вакцини, како да се местат тендери за блиски фирми до него, или пак за тоа како да се градат модуларни болници без минимум технички спецификации.
За разлика од него, професорот Мицкоски има добивано награди за најомилен професор меѓу студентите и еден од најпочитуваните во својата професија.
Во продолжеток, видеото со признанието на Филипче.




