Јон Фрчкоски упати сериозни критики и обвинувања за двојни стандарди на Министерството за внатрешни работи и премиерот Христијан Мицкоски. Според него, институциите реагираат експресно кога станува збор за безбедноста на функционерите од власта, додека целосно ги игнорираат жестоките закани и говорот на омраза насочени кон припадниците на опозицијата и нивните семејства.

Ви го пренесуваме неговиот статус во целост:
Кога некоја непресметлива особа му се заканува на Мицкоски МВР да ти било многу ефикасно.
Ама никаде ги нема кога ботовите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ (по наредба) бараат некој од СДСМ да биде “камшикуван до смрт” и кога им се закануваат на сопруги! Или кај Мицкоски лично треба да пријавуваме?
МВР, на пример, доколку сакаат, ликов може да го лоцираат по IP адреса и да го соберат за 15 минути…
Ама не сакаат. Јас не правам пи-ар на пресови од ваквите гнасотии на ботовите на ВМРО, кои по нивна наредба со месеци ми се секојдневие.
На крај, МВР го плаќаат граѓаните, а не Мицкоски
Линк од постот:




