spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ЖЕРНОВСКИ СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ ДО ВЛАСТА: „Од периметарот на Трамп до белото знаме – како Македонија остана без американската воена помош?“

Секретарот за меѓународна политика на СДСМ, Андреј Жерновски преку фејсбук-статус упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката гарнитура по веста за пренасочувањето на 52 милиони долари американска воена помош. Жерновски истакнува дека лажните ПР-приказни за наводната блискост со новата американска администрација се распрнаа пред суровата реалност, а дволичната надворешна политика и флертувањето со геополитичките ривали на НАТО резултираа со губење на довербата кај нашиот најважен стратешки сојузник – САД.

Во продолжение ви го пренесуваме фејсбук-статусот на Жерновски интегрално:

ОД „ПЕРИМЕТАРОТ ВО БЕЛАТА КУЌА” ДО БЕЛОТО ЗНАМЕ
Еве до каде дојдовме.
До вчера, нашава новопечена елита триумфално ни објаснуваше дека сме во „периметарот на Трамп“.
Дека биле многу блиски со американската администрација.
Дека Македонија е некаква клучна точка на американските интереси на Балканот.
Арно ама, reality bites.
Сега гледаме нешто многу поконкретно и поразлично од сите тие пи-ар приказни.
Американската администрација пренасочува 52 милиони долари воена помош што била наменета, меѓу другите земји, и за Македонија.
Тука треба да бидеме многу јасни:
За ова не се виновни САД.
Не е виновен Вашингтон.
И не треба од ова да правиме антиамериканска приказна.
Вашингтон секако дека ги анализира своите стратешки приоритети и ја насочува својата помош таму каде што смета дека има најголем интерес. И таму каде гледа лојалност.
Прашањето е што направи македонската власт за да биде навистина доверлив и стратешки партнер.
Затоа што не можете една работа да зборувате во Вашингтон, а друга да правите дома.
Не можете да кажувате дека сте „најблискиот партнер на Трамп“, а во исто време да градите блиски политички и економски релации со оние центри на моќ што Вашингтонги гледа како свои стратешки конкуренти.
И тука е суштината на проблемот.
Не велам дека Македонија не треба да разговара со Русија или Кина. Секако дека треба да има дипломатски односи со сите.
Но едно е нормална дипломатска и економска соработка, а сосема друго е политичка блискост кон актери чии геополитички интереси се спротивставени на интересите на НАТО и Западот.
А американската страна токму тоа одамна го препознава како проблем: официјални американски стратешки документи ја идентификуваа присутноста на руската политичка и кинеската економска активност.
Стратешкото партнерство не е фотосесија, ниту договорени интервјуа во кое ќе кажеш/ измислиш дека си многу близок со Трамп.
Не е „периметар“.
Стратешкото партнерство се гради со доверба, доследност, лојалност, конкретни политики и јасно геополитичко позиционирање.
И затоа најголемата грешка на оваа власт е што односите со Вашингтон ги претвори во домашен пи-ар.
Наместо да градат сериозна, институционална и долгорочна македонско-американска политика, тие ни продаваат приказни за тоа кој кого познава, кој со кого се слушнал и колку биле блиски.
Но, кога ќе дојде конкретна одлука од Вашингтон, тогаш гледаме дека реалноста е малку поинаква од монтираните приказни.
Да заклучиме.
Македонија има вистински и сериозен стратешки интерес од силно партнерство со САД.
Америка е наш сојузник во НАТО.
Затоа, време е Мицкоски да ни објасни нешто многу едноставно:
Ако навистина сме биле во „периметарот на Трамп“, тогаш како завршивме надвор од периметарот на американската воена помош?
Во превод:
Ова ли е „најновото нормално“?
Линк од постот:

Издвојуваме