spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Очај во Тиквешијата: Лозарите ги сечат лозите со Вранец додека родот гние по нивите

И покрај тоа што бербата треба да биде во полн ек, голем дел од лозовите насади со најзастапената сорта „Вранец“ во Тиквешкиот регион остануваат небрани. Поради тоа што винариите одбиваат да го откупат родот, тони квалитетно македонско грозје буквално гнијат на самите лозја.

Револтирани и доведени до раб на егзистенцијата, лозарите својот безизлез сè почесто го изразуваат со радикални чекори — сечење, уништување и целосно напуштање на сопствените лозови насади. Целогодишниот труд, маката и големите финансиски вложувања за заштита и обработка одат директно во неповрат, оставајќи цели семејства без никакви приходи.

„Немаме друг избор. Поевтино ни е да го исечеме лозјето отколку секоја година да влегуваме во долгови за грозје што никој не го купува“, порачуваат очајните лозари.

Ова е еден од најтешките удари врз домашното лозарство, каде што наместо берба и заработка, македонските земјоделци се соочуваат со катастрофа и целосно уништување на својот егзистенцијален извор.

Видео:

Издвојуваме