Вуле Младеновиќ директно од нива со видео го пензионира Златко Пенков
Со директно обраќање снимено од нива, Младеновиќ упати остри критики до пратеникот Пенков, покажувајќи ги своите испукани земјоделски раце како доказ за тоа како изгледа вистинскиот труд од кој егзистираат македонските семејства.

Тој посочи дека додека земјоделците секојдневно се борат на терен за својата егзистенција, Пенков кој го троши својот втор пратенички мандат, нема направено ништо конкретно за Неготино и за неготинци.
Во однос на обвинувањата за затворањето на винарската визба „Повардарие“, Младеновиќ ја разјасни хронологијата на настаните:
„Долговите и неисплатеното грозје се трупаа во периодот од 2013 до 2016 година. СДСМ беше таа што ги исплати парите директно на земјоделците за да ги спаси од пропаст, а ‘Повардарие’ замина во стечај токму за државата да може да си ги наплати средствата исплатени кон лозарите.“
Младеновиќ упати и директен апел до пратеникот Пенков итно да се вклучи во решавање на тековната катастрофална состојба во лозарството. Тој побара наместо да се враќа во минатото и да раскажува приказни, Пенков како пратеник да ја искористи својата функција и да се заложи за итен и сигурен откуп на сортата Вранец.
Линк од објавата:
https://www.facebook.com/share/v/1CGXq6deTV/
Видео од обраќањето на Вуле Младеновиќ:




