Лозарите од Тиквешијата го повикаа Венко Филипче на помош: „За Дејвид Гета има 5,5 милиони евра, а за нас нема пари!“
Незадоволството меѓу македонските лозари ескалира до крајни граници. Додека грозјето масовно пропаѓа на нивите, земјоделците од Тиквешијата се препуштени самите на себе, без соодветна поддршка и конкретни системски мерки од страна на власта. Во барање за излез од оваа тешка ситуација, лозарите го повикаа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да дојде на терен, да ги сослуша нивните проблеми и да помогне во наоѓање решение.
Револтот кај земјоделците е уште поголем по сознанијата дека за настапи на светски музички ѕвезди се издвојуваат милионски суми од државниот буџет, додека за маката на домашниот производител нема ниту денар поддршка.
Барањето од терен е јасно и ургентно — итен интервентен откуп во следните три до четири дена. Лозарите предупредуваат дека ова е последниот момент да се спаси она што е останато и барем минимално да се покријат основните трошоци за производство, бидејќи за неколку дена нема да има што да се бере. Дополнителен удар врз веќе претрпената штета зададоа и последните врнежи од дожд, кои драстично го забрзаа гниењето и скапувањето на родот директно на лозовите насади.
По средбата со лозарите, најавено е итно поднесување предлог-мерки во Собранието. Овие мерки треба експресно да ја пресликаат реалната слика од терен — да се земат предвид сите параметри за тоа колку од грозјето е обрано, колку е реализирано на пазарот и колкави се директните загуби од скапувањето. Секој изминат час без реакција од институциите значи директна загрозеност на егзистенцијата на стотици лозарски семејства.
Видео:




