По пет дена молк и избегнување одговори за трошењето на 5,5 милиони евра народни пари од страна на власта, Фрчковски повторно јавно го прозва пратеникот Миле Левков и упати директен предизвик за тестирање.
Во своето најново обраќање, тој истакна дека Лефков веќе пет дена бега од неговиот повик за тестирање на сите „гнасотии“ што беа изнесени во јавноста, иако му биле понудени повеќе опции и алтернативни локации.
„Ако не си користел ништо со месеци, Миле, нема од што да се грижиш. Процесот воопшто не е болен – се зема влакно коса за да се провери што се случувало во изминатиот подолг период. Со ова можеш само да добиеш на кредибилитет или да се покаже дека си лажел. Човек ќе помисли дека имаш нешто да скриеш. Јавноста веќе чека одговори и нема време за губење“, порача Фрчковски.
Постот со текстот на Фрчковски интегрално ви го пренесуваме:
Ако не си користел ништо еден подолг период Миле, нема што да се грижиш.
А ако си како твојот Шеф – “0 денари потрошено”, а утре 5,53 милиони евра… тогаш подобро немој.
Видео:




