spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски со лага дојде на власт, со лаги сакаат да остане

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека Христијан Мицкоски со лаги дојде на власт и со исти такви манипулации се обидува да се одржи на неа, свесен за постојаниот пад на сопствениот рејтинг. Посочувајќи дека ниту едно од клучните изборни ветувања не е исполнето — од прекинот на европскиот пат до уривањето на животниот стандард — Филипче предупреди дека актуелната власт не само што го влоши секојдневниот живот на граѓаните, туку им ја одзеде и надежта на младите за подобра иднина во земјата.

Соопштението на СДСМ ви го пренесуваме интегрално:

Соопштение за јавност

Мицкоски со лага дојде на власт, со лаги сакаат да остане, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека сега граѓаните јасно гледаат дека политиките на Мицкоски и ВМРО се целосно спротивни од ветувањата со кои дојдоа на власт.

„Очигледно е дека тоа го сака Христијан Мицкоски, затоа што е свесен дека му паѓа рејтингот, затоа што е свесен дека веќе нема што да понуди, затоа што е свесен дека веќе не може да ги лаже граѓаните, затоа што тие не се наивни, гледаат како со лага дојде на власт, така сака и да продолжи. Па никој не е наивен тука. Ништо од тоа што ветуваше, не исполни. Напротив, сè што ветуваше, излезе дека е една голема лага“, потенцираше Филипче.

Филипче посочи дека ниту едно од ветувањата на Мицкоски не е исполнето, а граѓаните денес се соочуваат со полош стандард и со изгубена надеж дека земјата може да оди напред.

„Што се случи со Европскиот пат, дека регионот оди напред? Ништо. Рекоа ќе ги подобрат условите. Ќе го поништуваше Преспанскиот договор. Не знам што сè друго ветуваше. Ништо од тоа нема. Ништо, буквално. Една мерка кажете ми со којашто се покажа дека се грижи за граѓаните, една работа. Сега се живее многу полошо отколку пред 2-3 години. Не само што се живее полошо, најстрашното од сè е што на луѓето убиена им е надежта дека тука може да биде подобро место за живеење со оваа криминална група, затоа што им даваат лош пример на младите и како се владее и како се менаџира со државата“, рече Филипче.

Издвојуваме