АРАМИСКИОТ КОНЦЕПТ НА МИЦКОСКИ ЈА УНИШТУВА ТИКВЕШИЈАТА: Симона Цветаноски со жестока прес-конференција — Додека ВМРО-ОКГ ги троши народните милиони на партиски дилови, грозјето скапува, а лозарите се принудени да ги копачат сопствените лозја!
Нов тежок удар врз македонското земјоделство и домашниот стопанственик. Опозициската СДСМ преку прес-конференција на членката на Извршниот одбор, Симона Цветаноски, упати директни и жестоки обвинувања до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за катастрофалната состојба во која се наоѓаат лозарите во Тиквешијата и ширум државата.
Според СДСМ, криминалната власт на ВМРО-ОКГ наоѓа над 5 милиони евра од Државната лотарија за приватни партиски тендери, спектакли и договори зад затворени врати, додека за луѓето кои пролеваат пот и произведуваат храна нема ниту денар поддршка. Наместо ветената откупна цена од 20 денари што министерот за земјоделство шумно ја најавуваше, лозарите денес се соочени со мизерни 14 денари за белото грозје во услови на енормни трошоци за гориво, препарати и ѓубрива, додека вранецот воопшто не се откупува. СДСМ бара итна реакција од Владата, укинување на рекетарските попусти и државен интервентен откуп.
Во продолжение ви ја пренесуваме целосната прес-конференција:
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор
Пет милиони евра народни пари за криминални договори на Мицкоски и ВМРО ОКГ преку Лотарија– а нула денари за лозарите.
Лозарите се пред пропаст, а Владата не прави ништо за да им помогне.
Грозјето скапува по лозјата. Вранецот не се откупува. Откупната цена на белото грозје е мизерни 14 денари, во услови на енормно зголемени трошоци.
Лозарите се во безизлезна состојба, оставени сами, без никаква поддршка.
Цела година работат, вложуваат, плаќаат работници, гориво, препарати и ѓубрива, а денес се принудени да ги копачат лозјата, да им скапува родот.
До оваа ситуација ги доведе криминалната власта на арамијата Мицкоски – да гледаат како нивниот труд пропаѓа.
Каде е сега производната или, како што ја претстави министерот за земјоделство, откупната цена на грозјето? 14 денари се далеку од 20 денари, како што министерот објави во јули годинава.
Недозволиво е власта да се претставува како посредник, таа е директен актер на пазарот и со закон учествува во формирањето на откупната цена.
За две години ВМРО направи пустош во секоја гранка на земјоделството.
Не им е грижа за земјоделците. Не им е важен човекот кој произведува храна. Не им е важен лозарот кој со својот труд ја одржува Тиквешијата и целиот лозарски крај и е заслужен за квалитетното македонско вино.
Важни им се криминалните партиски тендери и договори – за тоа секогаш имаат ставка како да најдат пари. Тоа е арамискиот концепт на Мицкоски и неговата криминална организација.
СДСМ бара Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да донесе интервентни мерки. Да ги заштити лозарите.
Вранецот 28 денари, Смедеревката 25 денари – земјоделците мора да добијат достоинствена цена!
Секој ископачен лозов насад е уништена една семејна инвестиција, еден животен труд и една иднина.
Итно зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено.
Тоа се мерки кои ќе им помогнат на лозарите да ја пребродат кризата.
Линк со видеото :




