spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

ПАННИКА И ШВЕРЦ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО: ДПМНЕ СВИКУВА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ЗА ДА СЕ ПРОТУРКААТ ПАРИТЕ ЗА НИВНИТЕ СОВЕТНИЦИ!

Обид за груба злоупотреба, а не обичен пропуст.

Почитувани граѓани, ​Откако пред само неколку дена нивниот штетен ребаланс пропадна, власта на ДПМНЕ во Неготино – предводена од градоначалничката Нацева и претседателката на Советот, Митрева – покажа целосна паника! ​Денес свикуваат вонредна седница по итна постапка, со единствена цел: преку ноќ да шверцуваат одлука и по секоја цена да ги сочуваат личните и партиските интереси што ги фативме на дело. Ова е брутален притисок врз Советот и класично понижување на граѓаните на Неготино! ​Што се промени од некња до денес? Ништо, освен што им пропадна планот да поминат молчешкум!

Целото соопштение ви го пренесуваме интегрално:

Почитувани граѓани,
Денес сакаме јасно да објасниме зошто ребалансот на Буџетот на Општина Неготино не помина и зошто тоа е добро.
Станува збор за груба злоупотреба, а не за обичен пропуст.
Советникот Филип Милев е член на Локалниот младински совет на Општина Неготино. Во денешниот ребаланс, за ова тело беа предвидени средства низ три различни програми, во вкупен износ од 100.000 денари.
Тој гласаше за сите три точки. Една по друга. Без да застане, да се повлече или барем да праша дали воопшто смее да гласа.
Советничката Соња Ангелевска Колева е основач на здружението „Аркадија“, кое во истиот ребаланс доби целосно нова ставка од 100.000 денари.И таа гласаше за тие средства, со еуфорија.
Ова не е незнаење. Секој советник знае, или барем треба да знае, каде завршува неговото право да одлучува.
Дури откако конфликтот на интереси беше јавно изложен од страна на нашата советничка група, двајцата беа принудени да се повлечат од гласањето за самиот ребаланс. Без нивните гласови, ребалансот не го доби потребното мнозинство.
Што значи тоа за граѓаните?
Во сила останува постојниот Буџет.
Но, уште поважно, денес беше спречено Филип Милев и Соња Ангелевска Колева да си доделат пари сами на себе.
Парите во Буџетот не се ничии лични пари. Тоа се пари на граѓаните на Неготино.
И затоа ќе продолжиме јавно да укажуваме секогаш кога некој ќе заборави дека правилата важат за сите.
Ви благодарам.

 

Издвојуваме