spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Додека Клековски и Мицкоски молчат, западнонилската треска однесе 8 животи!

Медицинската криза во Македонија ескалира до драматични димензии, додека власта на ВМРО-ДПМНЕ покажува тотална неспособност и институционална парализа. Поради тотално задоцнетото прскање против комарци и отсуството на превентивни системски мерки, регистрирани се дури 58 случаи на западнонилска треска, а црниот биланс веќе брои осум починати граѓани. Од СДСМ алармираат дека истиот катастрофален модел на молк, системски хаос и задоцнети реакции се случуваше и во Гостивар, каде што 5.000 луѓе побараа помош и се затруа, а одговорност сè уште нема.

Во продолжение, соопштението од СДСМ ви го пренесуваме интегрално:

58 случаи на западнонилска треска и прв во Свети Николе, 8 починати, хаосот продолжува

Во Македонија веќе се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, прв случај има во Свети Николе.

Бројот на заболени расте, а бројот на починати достигна осум. Не се ова само статистички бројки – ова се човечки животи.

Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска.

Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Владата нема капацитет навремено да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира откако кризата ќе ескалира.

Истиот модел на задоцнета реакција, институционален хаос и молк го гледаме и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Прво се молчи, потоа институциите задоцнуваат, а на крај граѓаните ги плаќаат последиците.

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без целосен извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување – задоцнета реакција, недоволна превенција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

Издвојуваме