spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

СДСМ: Елитниот арамија Мицкоски вели го заработил скапиот часовник со професорска плата⁉️

 

Социјалдемократкиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со остра реакција и соопштение до јавноста, упатувајќи директни критики до премиерот Христијан Мицкоски во врска со потеклото на неговиот луксузен часовник и неговите претходни изјави за животниот стандард.

​Во продолжение, соопштението ви го пренесуваме интегрално и во целост:

Соопштение за јавност

Колку се сеќаваме, Мицкоски во кампањата велеше дека тешко се живее и дека тој живее исто така тешко како и сите останати – со професорска плата.

Зар не беше така?

А да… тој лаже штом ќе зине.

Го заработил во времето на Груевски? Кога ја водеше ЕЛЕМ?

Вели дека скапите часовници му биле „слабост“. A кој има слабост? Зависник.

Значи зависност од скапото, односно од парите.

Уште едно признание од Мицкоски.

Бидејќи сака да го спомнува Фројд и често со проекција ги обвинува другите за она што самиот го прави (како на пример криминал), еве уште малку Фројд за Мицкоски.

Фројд во есејот „Character and Anal Eroticism“ (1908) ја поврзал таканаречената анална карактерна структура со особини како: силна потреба да се поседува и задржи нешто.

Парите во таа симболика имаат несвесна врска со задржување, контрола и поседување.

Затоа екстремната врзаност за пари, гомилање и тешко одвојување од предмети може да се гледа како дел од таков образец.

Опсесијата со пари, луксуз, статус и моќ во поширока смисла подоцна ја објасниле и други психоаналитичари.

Ерих Фром многу подиректно пишувал како поседувањето пари и предмети може да стане начин човек да го надомести чувството на несигурност или сопствена вредност.

Ете, нека чита Мицкоски.

Треба да се спознае самиот себе.

Издвојуваме