spot_imgspot_img

Најчитани

spot_img

Може ќе ве интересира

Камерите од „Безбеден град“ од сабота се вклучуваат и во Тиквешијата

 

Камерите од „Безбеден град“ од сабота се вклучуваат во Тиквешијата

​Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од оваа сабота (12 септември 2026 година) официјално започнува со работа и на територијата под надлежност на СВР Велес. Со ова, автоматското регистрирање на сообраќајните прекршоци ги опфаќа и опшините Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман, Градско и Чашка. ​

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), сите потребни технички проверки и финални тестирања на опремата се успешно завршени. По поставените камери, системот ќе овозможи 24-часовен непрекинат надзор на сообраќајниците и автоматско бележење на секое непочитување на сообраќајните правила.

​Во рамки на ова проширување, со надзорот се опфатени подрачјата под: ​

  • ОВР Кавадарци
  • ОВР Неготино
  • ​Полициско одделение Чашка
  • ​Полициско одделение Градско ​
  • Полициска канцеларија Демир Капија ​

Од МВР истакнуваат дека главната цел на активирањето на овој систем е зголемување на сообраќајната дисциплина, подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризикот од несреќи. Надлежните уште еднаш упатија апел до сите возачи доследно да ги почитуваат законите и сообраќајната сигнализација.

Издвојуваме