Скандал на Денот на независноста — над 5 милиони евра народни пари за прославата, а Владата се однесува дрско и крие информации!
По повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста, од СДСМ излегоа со жестоки обвинувања до Владата за расипничко трошење на парите на граѓаните и недоличен однос кон новинарите. Од партијата прашуваат како е донесена одлуката без јавен повик и тендер да се ангажира фирма со блокирана сметка, додека само настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението интегрално:
Соопштение за јавност
Дури и Денот на независноста криминалната власт го извалка.
Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат.
Тоа е за секоја осуда.
Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А Влада на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста.
Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра. Само за него.
Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува.
Со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до 5 милиони евра.
Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 5 милион евра?
Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП.
Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер?
Јавноста и граѓаните очекуваат одговори.
За жал сето ова, дрскоска, навредите кон граѓаните и кон новинарите се одлика на оваа влада и нивниот однос кон народот.
Влада која својот народ го нарекува „талог“ вака се однесува.




